Од денес Движењето Беса започнува битка за преименување на средните училишта во Тетово, а за тоа ќе постават иницијативата и во општинскиот совет, најавија од партијата на прес конференција во тетовското седиште. Велат дека имаат предлози базирани на претходни иницијативи и барања.
-Медицинско училиште „Никола Штејн“ да се преименува во „Ферид Мурад“. Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ да се преименива во „Ѓон Бузуку“, земјоделското училиште „Моша Пијаде“ да се именува во „Реџеп Вока“ а текстилното училиште „Ѓоце Стојчески“ да се именува во Хасан Тахсини. Овие предлози не се конечни. Ние сме подготвени да соработуваме со училишните одбори, советите на родителите и учениците како и со други политички партии кои се дел од општинскот совет во Тетово со цел да ја смениме оваа понижувачка реалност за нас како албанско мнозинство во општина Тетово.Доколку наидеме на опструкции и потешкотии Беса е подтговена да ги користи сите правни механизми вклучувајќи го и општинскиот рефередум, истакна Хатије Етеми која ја одржи прес конфренцијата.
Таа немаше одговор на новинарско прашање зошто се оди на еднонационални имиња во град со мулетнички карактер како Тетово.
Според Беса за досегашното останување на имињата од претходниот систем вината ја има ДУИ.
-Прашањето за преименувањето на училиштата, плоштадите и булеварите и патиштата во албанските општини продолжува да биде тежок спорт за ослободителните тендерџии на ДУИ. ДУИ на политичката сцена дојде за да направи големи промени но и по 15 години на власт не успеа да смени дури ни едно име и покрај фактот дека секој пат министерствата за образование и градоначалниците на општините беа функционери на оваа партија, рече Етеми.
Според неа апсурд е ситуацијата во која повеќето училишта имаат над 80 отсто ученици Албанци а имаат имиња кои припаѓаат на времето на комунизмот.
-Изненадувачки е фактот дека никогаш не биле во можност да најдат меѓуетнички консензус за да преземат иницијативи за промена на имињата, но секогаш имаа консензус кога биле во прашање полтиичките пазарања меѓу нив. Затоа оправдувањата дека не е вистинскиот момент и не треба да почекаме други моменти се апсурдни и неоправдани. Вакви иницијативи имаше и порано од советит на средите училишта но и од родителите и учениците но никогаше не успеаа како резултат на ниските пазарања на ДУИ, истакна Етеми.