Како да се стигне до минимални случаи на деликвенција во училиштата дебатираа денес во општина Тетово претставници на образовните установи, полицијата, стручни служби и локалната самоуправа. Дебата беше насловена „Дрогата, малолетничката деликвенција и нарушувањата на јавниот ред и мир во и околу школите“.
-Соработката е на прво место во насока на достигнување на превенцијата. Секоја информација која ја поседуваат директорирте, професорите, педагози и психолози ние е од корист како полиција за елаборација, анализа и доаѓање до момент за расчистување на настани и случаи. Ние преземаме превентивно едукативни проекти разговараме исто така директно со ученици во врска со овие активности, изјави Фатмир Реџепи, портпарол во СВР Тетово.
Ахмет Ќазими од Секторот за јавни дејности при општина Тетово истакна дека шест пати се намалиле бројките на нарушувања на јавен ред и мир за шест години и затоа се важни едукативно-превентивните активности.
-Во 2013 имало 36 , а сега во 2019 само 4 нарушувања на јавен ред и мир во училиштата. Оваа мулти секторска активности се надеваме дека ќе вроди со плод, не само да намалат бројките туку и да се минизираат па да има и такви училишта каде ќе нема воопшто нарушување на јавен ред и мир, рече Ќазими.
Во ОУ „Братство-Миѓени“, има повеќе објекти каде настава се следи на македонски,албански и турски јазик па се прават обиди мултикултурализмот да се искористи да се сплотат учениците, посочи помошник-директорката Јелена Деспиниќ Кироска.
-Педагошко-психолошката служба како и сите наставници секојдевно се клучени во голем број на секции и активности. Учениците се дружат некогаш по солидност, некогаш по избор на случајност, а се работи заедно уметност или спортски активности, предмети каде се заедно сплотени. Можеме да се пофалиме дека во нашето училиште немаме некои екцеси меѓу учениците, изјави директорката.
Организатор на дебатата беше Отсекот за превенција при СВР Тетово.