Правниот факултет при Универзитетот во Тетово денес беше организатор на онлајн дебата насловена „Насилство врз жените во Северна Македонија за време на пандемијата Ковид-19“. Од универзитетот информираа дека дебатата се состоела од повеќе тематски предавања како и прашања, одговори и коментари.
Симона Атанасова, експерт за јавно здравје, посочи дека насилството не е приватна работа затоа улогата на заедницата е исклучително важна во поддршката на жртвите на насилство.
-Изолацијата за време на пандемија може да предизвика поголем ризик од физички, ментални и емоционални повреди. Домот не е безбедно место за луѓето кои живеат со опасност од насилство. Не постои единствено решение за ова прашање, потребен е холистички пристап од страна на владејачките институции, кој ќе им обезбеди суштински услуги на жртвите на насилство, истакна на дебатата Симона Атанасова, експерт за јавно здравје.
За време на дискусијата, панелистот, Доц. Д-р Арта Билали-Зендели, предавач на УТ и пратеничка во Собранието даде преглед на постојното национално законодавство.
-Сепак ва прашање не треба да се заснова само на оние механизми предвидени со закон, туку и на самиот систем и начинот на кој се спроведуваат механизмите предвидени со закон. Секој дел од системот е важен, почнувајќи од сведоците на настанот, експерти, полицајци, јавни обвинители, судии за да се спречи или да се бори против оваа негативна појава, истакна професорката
Професорот Али Муслиу истакна дека носителите на јавни функции треба што поскоро да донесат закон за родово базирано насилство како начин на подобрување на состојбите.
А.С