Најновите бројки од уписите во училиштата покажуваат, дека не запира трендот на иселување од државата.Таков е примерот и со Тетово.
Општината која со градот и неколку рурални места брои вкупно 84.770 жители – и иако е една од поголемите, годинава бележи само 849 запишани првачиња.
Статистиката покажува дека децата родени 2016 година кои сега треба да тргнат на училиште биле многу повеќе, но во меѓувреме нивните семејства заминале во странство.
-Според податоците што ги имаме од Управа за водење матични книги пратени до Сектор за јавни дејности,доставија дека деца кои се родени во 2016 и деца кои се родени до 31.1.2017, бројката е 1416 деца. Но нема да значи дека оваа бројка е вкупно, пошто знаеме дека многу од наши деца заминуваат на запад. До денеска во нашите основни училишта се запишани 849 ученици од кои 705 Албанци,134 Македонци и 10 Турци, изјави Назми Даути, раководител на сектор за јавни дејности.
Луѓето не гледаат дека економската состојба оди на подобро, сметаат дека има лоши владини политики на владеење , а општествениот систем за нив е нефункционален. Ова се само дел од бројните причини зошто луѓето се одлучуваат да емигрираат од Македонија, велат анкетираните тетовци.
-Младите сега тражат брза заработувачка, унапредување. Им треба малку трпение, малку надеж повеќе да даде власта. Малку и приватните бизнисмени да се поверуваат дека младите сакаат да останат овде. Треба да им се даде една цел, една визија,зошто да останат овде.
-Се е е корумпирано, затоа се иселуваат, се потценуваат квалитетот, се цени нешто друго
-Тренд е на иселување на младите зошто има мали плати, а голема е скупотија е.
-Треба државата да го гледа стандардот, плативе за поубав живот.
Пописот покажа дека Македонија за разлика од пред 20 години има има речиси 200.000 жители помалку.