-Гордо стоиме и им оддаваме почит на сите великани кои се бореа за слобода и независност на нашата татковина! Слобода и независност кои денес подеднакво ги заслужуваме сите.
Доволно беа омрази и насилства, ја градиме нашата нова иднина врз темелите на единството и разбирањето. Го славиме правото на збор, и правото тој збор да биде слушнат.
Нека вечно слободно се вее знамето на самостојна и независна Република Северна Македонија.
Нека ни е честит празникот 8-ми Септември, истакнаа од општинската организација на СДСМ.