Две професорки и шест ученички од ОУ „Прпарими“ од тетовска Голема Речица од оваа работна недела престојуваат во во Италија како дел од проектот на Ерасмус плус проектот „Паметно учење во образованито“ (Smart learning in education). Од 3-ти до 9-ти април тие ќе престојуваат во градот Термоли и тамошните училишта.
-Целта на ова мобилност е размена на искуства помеѓу нашите ученици и професори со колеги од Италија, Португалија,Турција и Романија. Училиштето го претставуваат професорките Александра Самарџиева и Мимоза Фетаи како и шест ученички Јона Исмаили, Деа Ганиу,Илмије Мемети,Дора Ќамили,Фјола Бафтијари и Блина Билали. Работната група која успеа да ја организира мобилноста е благодарејќи на директорот Насер Нухиу, Теута Алили, Кадире Шерифи, Арта Џафери и Алије Јонузи, изјави координаторот на проектот Бесник Алили.
Минатата година од 12 до 18 септември, училиштето „Прпарими“беше домаќин на наставен кадар од четири земји кои се дел од заеднички проект Еразмус плус“ програмата за мобилност и поддршка во образованието на Европската унија насловен „Љубов кон училиштетот, намалување на отсуство и успешни активности да се сака училиштетото повеќе“.Гостуваа наставници од Франција – Мартиник, Турција, Полска и Романија.
ас