Со посета на тетовското Кале на ридот Балтепе дел од припадниците на македонските безбедносни сили и партијата Достоинство 26 март 2001 година кога местото беше ослободено од припадниците на ткн. Ослободителната Народна Армија (ОНА). Претседателот на здружението на бранители Достоинство Стојанче Ангелов истакна дека на освојувањето на Калето од страна на припадниците на безбедносните сили следувало со заземање на позициите на кои дотогаш десетина дена претходно се наоѓале припадниците од УЧК.
-Ова е прва ваква чиста воена победа на припадниците на безбедносните сили кога со една сериозна воено-полициска комбинирана акција преку дводневни битки Калето беше исчистено од припадниците на УЧК. Бев еден од оние кои што со првата група се искачи на Калето како тогашен командант на посебната полициска единица. Она што го затекнавме овде можам лично да посведочам,затекнавме неколку тешки митралези, со голем калибар со кои што врз нас беше отворан оган претходниот период, затекнавме многу автоматско оружје, рачни фрлачи на гранати, рачни бомби и останата воена опрема. Опремата беше расфрлана и по Калето и во тунелите под ѕидините на овој потег,рече Стојанче Ангелов.
Тој истакна дека досега се одбележувале денови на кои се загинати македонски бранители но во иднина ќе се обидат поголемо внимание да се даде на воените победи.
-Целта на одбележувањето на овој ден не е да шириме омраза, не е да се сеќаваме на минатото за да создаваме немир во сегашноста и лошо во иднината. Напротив не само ние македонските бранители туку сите македонски граѓани и Македонците и Албанците и сите останати треба да се сеќаваме на војната од 2001 и со заеднички сили да се трудиме никогаш повеќе да не се повтори такво зло. Бидејќи само мирот е тој што ќе овозможи благосостојба на сите македонски граѓани. Затоа како Достоиснтво повикуваме на продолжување на процесот на помирување, особено помеѓу непосредните учесници, а тоа се припадниците на македонските безбедносни сили одсно популарно наречени бранители и ветераните од УЧК, процес кој што мора да биде заокружен со целосно помирување бидејќи Македонија е наша заедничка татковина на сите граѓани без разлика на нивната верска етничка и религиозна определба, истакна Ангелов.
Тој рече дека денешните генерации не смеат да ги заборават последните македонски борци кои пред само 20 години ја бранеја татковината.
Државата има обвсрки да се грижи за бранителите но и за семејствата на загинатите бранители како и за семејствата и самите воени инвалиди. Токму овој ден кога е извојувана првата голема воена победа од страна на македонските безбедносни сили, ние како Достоинство го предлагаме како ден на макеоднските бранители и предлагаме на секоја година на овој ден, да се собираме во што поголем број за да го одбележиме овој ден. Ние македонските бранители од 2001 година сме живи најголемиот дел и здрави до денес, за жал некои од бранителите немаа среќа некои загинаа, еден поголем дел беа ранети, и уште поголем дел беа трауматизирани, истакна Ангелов.
Поради пандемијата и протоколите одлучено е денешниот ден да го одбележат само мала група на бранители.
А.С