Тетовската полиција вчера спровела две акциски контроли при што вкупно се казнети 56 возачи. Најкарактеристично во санкционирањето на брзото возење е што неколку возачи додека се движеле по булеварот „Маршал Тито“ достигнале и речиси 140 километри на час.
-Вчера од 19 часот и 30 минути до 22 часот сообраќајната полиција при контрола за брзина со кои се движат возилата во населено место со употреба на таканаречениот „ноќен радар“, на улицата „Маршал Тито“, на излезот од Тетово, биле регистрирани 28 пречекорувања. Од вкупниот број 11 за повеќе од 50 километри на час, додека неколку од нив се движеле и со брзина од близу 140 километри на час, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Претходно во утрински часови на подрачјето на СВР Тетово спроведена е сообраќајна акциска контрола во која биле изречени 28 мерки за непрописно престигнување.
-Најмногу 26 се престигнување на забранети места и две за престигнување во колона.На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопшти СВР Тетово.
А.С