Седум од дванаесетте пациенти кои беа спасени од пожарот во модуларната болница во Тетово како оздрадени од Ковид19 и опоравени се пуштени од болничко лекување и се наоѓааат во своите домови, информираат од Ковид центарот при клиничката болница. За 24 часа починала една пациентка со Ковид-19, родена 1963 година хоспитализирана во интернистичиот блок на Ковид центарот.
-Пациентите кои беа спасени од модуларната болница седум се пуштени дома, додека другите се се уште се хоспитализирани. Ковид центрот кај нас има доволен персонал за здравствена заштита, изјави денес д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.
Ново примени на болничко лекување се тројца пациенти. Во моментот има 40 хоспитализирани пациенти, а за 24 часа имало 81 прегледи во амбулантата.
ас