Дел од учениците средношколци членови на Сојузот на средношколци во Тетово ја бојкотира наставата во знак на солидарност со организацијата „Средношколски глас“ од Скопје и предвидениот протест наречен „Марш за нашите животи“ со барања за почист воздух.
-Ние имаме бојкот на наставата заедно со многу организации затоа што имаме загаден воздух и не треба да одиме на уччилиште кога е ваква состојбата. Закани имавме да не се одржи бојкотот и имаме доказите кои ќе ги однесеме во полиција. Владата да преземе мерки да нема загадување, истакна Бленди Ходаи, претставник на Сојузот на средношколци во Тетово,.
Тој изјава за медиумите даваше заедно со група од неколку десетици ученици кои се собраа во дворот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Од раководството на гимназијата истакнаа дека наставата се одивива нормално со поединци кои решиле денес да не одат на училиште.
-Наставата се одвива нормално. Околу 50 ученици кои припаѓаат на Унија на средношколци не се настава, додека остантиот број од 1200 се на часови, изјави Назиф Шабани, директор на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
А.С