Денес почина тетовската фудбалска легенда Серафим Вучески-Саре, голман во ФК Тетекс и ФК Љуботен.
И во својата тренерска кариера беше дел од двата тетовски фудбалски клубови, како тренер на голмани но и како член и шеф на стручните штабови.
Годинава на годишнината на ФК Тетекс ја доби наградата за животно дело.
Бате Саре како што беше познат во тетовската јавност е роден на 19 јули 1943 година.