Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, согласно традицијата на денот-14 февруари посветен на Свети великомаченик Трифун изврши закројување на виновата лоза во Лешочкиот манастир, информираат од тетовско-гостиварската епархија.
Во житието на Светиот маченик Трифун се вели дека уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови.
Според православната црква во тоа време со Римското царство Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа.
А.С