Димитрија Апостоловски, член на Форумот за образование при општинската организација на СДСМ Тетово одржа прес-конференција.
-Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ во духот на својата изборна програма и визија за подобро општество, гради квалитетно образование за сите. Образовниот систем на Република Северна Македонија веќе има свој автентичен модел кој не е преземен и не е копија од друга земја. Донесена e новата Концепција за основно образование која е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирании одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредностина општеството. Интензивно се работи на реформи и во средното образованиесо посебенакцент на средно стручно образованиенасочено во функција на создавање профсионални кадри за потребите на пазарот на трудот. Во создавањето на квалитетно образование Владата предводена од СДСМ вложува и во човековиот потенцијал. Клучот на успехот е наставникот, а без професионални и мотивирани наставници нема квалитетно образование, истакна Апостоловски.
Тој го продолжи своето излагање околу новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.
-Наместо страв од отказно решение преку новиот Закон за наставници обезбедуваме трајно вработување, мотивација и сигурност. Наставниците нема да се плашат од политички притисоци туку ќе бидат насочени кон квалитетна настава и постигнување високи резултати. Исто така, во Концепцијата заосновно образование осебно место има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења. Наставниците кои континуирано ќе учат и ќе се надградуваат ќе добиваат и повисоки надоместоци и ќе напредуваат во повисоки звања, рече Апостоловски.
Тој посочи дека новиот предлог Закон за учебници нуди интерактивни, инклузивни и бесплатни учебници за сите ученици.
-Сите ученици ќе имаат пристап до дигиталните учебници, а училиштата ќе печатат учебници за оние ученици кои имаат потреба од печатени дидактички материјали. Секој учебник ќе биде достапен во аудио формат на сите наставни јазици, а за учениците со оштетен вид ќе се печатат учебници со Брајово писмо. Лектирите ќе бидат достапни и понатаму само во печатена форма. Дигитализацијата во образованието ќе го поттикне и унапреди логичкото размислување, носењето заклучоци базирани на факти. Придобивка од дигитализацијата е тоа што користењето на технологијата ќе овозможи стекнување на навикиа истата да ја користат за пребарување, истражување и учење. Учебникот нема да е основниот извор на информација и материјал за учење. Ќе овозоможиме новите генерации да се развиваат во духот на новото време, создавајќи здрави и квалитетни генерации кои ќе бидат столбот и иднината на нашата држава. Затоа, за сигурна и просперитетна иднина, Владата предводена од СДСМ ќе работи и ќе вложува во децата, во учениците создавајќи образование за вработување, образование за знаење и умеење, истакна Апостоловски на прес-конференцијата.