Општина Тетово постави дополнителен број грпки на булевар „Видое Смилевски Бато“ позната како „Индустриска улица“ која важи за небезбедна делница за пешаците поради брзо возење. Овие ленти се поставени на делот од булеварот кај ОУ „Кирил и Методиј“.
-Поставувањето на вибрациски ленти во близина на Основното училиште “Кирил и Методиј ” ќе ја зголеми безбедноста на пешаците, а особено на учениците во сообраќајот. Ветивме дека ќе работиме на зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите граѓани, а особено за учениците. Поставувањето вибрациски ленти на најопасниот и најфрекфентен пат, ќе ја намали опасноста од незгоди и ќе ги освести возачите. Безбедноста е на прво место, информираа од Општина Тетово.
На 13 јануари 2021 година шест годишно девојче го загуби животот отакако беше удрено од возило на овој булевар, по што на 25 јануари беше организиран и јавен протест на жителите и граѓаните кои бараа преземање итни мерки за да се спречат идни несреќи и поголема полициска контрола на сообраќајот.
ас