Раководителот на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово Назми Даути на прес-конференција информираша за состојбите во училиштата за упис на првачиња и во средношколската настава.
Според него, првичната бројка на деца кои се запишале во основно образование може да се зголеми кога родителите ќе имаат можност да ги соберат сите документи за упис, бидејќи немаат термини за прегледи на очи и на стоматолог.
-Според податоци добиени од Управа за водење на матични книги до Сектор за јавни дејности, деца кои треба да се запишат во прво одделени се родени во 2016 и деца кои се родени до 31.1.2017.- тоа се бројка од 1416 деца. Но знаеме дека многу од нашите деца се иселуваат и дека нема сите да се запишат. До денес 849 се запишани во прво одделение. Од нив 705 во настава на албански јазик, 134 на македонски и десет во турска настава, изјави Назми Даути.
Според Даути основно училиште 1086 завршиле од кои 861 на настава по албански јазик, 202 на македонски јазик и сто на турски наставен јазик.
-Директорите на средните училишта немаат пристап во системот за да можат да погледнат колку учениците се запишани во нашите средни училишта. Тој податок нашите директори или ние како Сектор за јавни дејности ќе може да го добиеме во 15 јуни после 15 часот кога од страна на МОН ќе може да имаме пристап во системот и нашите директори да знаат колку ученици се запишале во првиот рок на запишување. Ако имаат проблеми при пријавување на нивните деца во онлајн систем да се обраќаат до основните училишта да ги земат акаунти да се логираат и да се пријават во средните училишта. Помош може да имаат и во средните училишта, изјави Назми Даути.
Тој потсети дека учениците ќе имаат можност на 16 и 17 јуни документите да ги достават до средните училишта со физичко присуство. Вториот рок за запишување на ученици во средните училишта ќе биде на 21 и 22 јуни, исто така на 23 и 24 има предвидено достава на документи со физичко приуство. Третиот рок е на 28 јуни, а достава на документи од 29 јуни после 15 часот.
ас