Државната изборна комисија ги известува сите граѓани дека јавниот увид во избирачкиот список започна денеска, 21 август, и ќе трае заклучно со 9 септември, 24 часот.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци тоа можат да го направат:
– лично, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и
– електронски, на https://www.sec.mk/uvid-vo-izbirachki-spisok/
За време на јавниот увид, подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат секој ден од 8 до 19 часот, а на 9 септември до 24 часот.
Барањата за запишување, бришење или дополнување на податоците во избирачкиот список се поднесуваат писмено во подрачното одделение или канцеларија на ДИК според местото на живеење, или електронски на upisis@seс.mk.
Потребните обрасци се достапни на https://www.sec.mk/uvid-vo-izbirachki-spisok/