Специјалист доктор Иван Карапетров, граден хирург при Клиничка болница во Тетово е избран претседател на општинската организација на Лекарската комора во Тетово. За Карапетров гласале најголемиот дел од лекарите членови на Комората.
-Централната изборна комисија на состанокот одржан на 22 Јуни 2022 година констатира дека согласно резулатите од спроведените избори на Лекарската комора во одржани на 15 Јуни 2022 година на која гласаа лекарите во Тетово со активни лиценци за работа го избраа Спец. Др. Иван Карапетров – Граден Хирург за Претседател на општинската организација на Лекарската Комора во Тетово, информираат од Комората.
Воедно Карапетров е избран и за член на Собранието и делегат на Лекарска Комора.