Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовскиот регион нови се 20 случаи. Тетовско брои 603 случаи од кои 355 активни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од кои 3 се во тетовскиот регион.
Од вкупно 6 починати 1 е од тетовско, маж на 79 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.