Движење Беса во деновите од викеднот одржа основачки собранија во тетовските општински центри Теарце и Желино при што беа избрани и кандидатите за градоначалници. Покрај тоа избрани се и нови претседатели на ограноците.
-Собранието на Желино едногласно одлучи актуелниот градоначалник Блерим Сејдиу да се кандидира за уште еден мандат. За Теарце Собранието едногласно одлучи Даут Мемиши да биде избран за кандидат за градоначалник, информираа од Движењето Беса.
Од партијата информират дека двете основачки собранија се одржаа во присуство на највисокото раководство на Движењето БЕСА, претседателот Билал Касами, секретарите на партијата, Арјанит Хоџа и Аднан Азизи, како и други членови на Централното претседателство,
За Теарце членовите на Собранието го избраа Ремзи Бајрами како нов претседател на огранокот. Суад Алили е избран за претседател на ограникот во Желино.
ас