Според Кризниот штаб на општина Тетово по подолго време регионот брои едноцифрена бројка на новозаболени од Ковид-19, односно 4 нови случаи. Три се во општина Тетово, додека еден во еден од руралните општини.
-Вкупно сега има 538 заболени од кои 333 се активни. Излечени се 169, а има вкупно 36 починати, истакна градоначалничката Теута Арифи.
Во тетовската болница како и минатата недела има ист број на хоспитализирани лица, информираше таа.
-Секој ден има лица кои се примаат и отпуштаат, а денес на третирање се 11 случаеви, некои од нив се на кислородна поддршка, а сите задржани се поради потреба да се третираат во здравствена установа поради нвината потешка клиничка слика додека другите слуачевеи кои се позитивни, дел од нив земаат терапија дома додека дел од нив кои се без симптоми ги чекаат две недели да поминат за да направат контролен тест, изјави градоначалничката.
Таа истакна дека чека повик од Комисијата за заразни болести со цел да се разговара за понатамошните мерки за заштита поради либерализација на одредени области како угостителството и хотелиерството.
-Ние имаме една либерализација на мерките и тоа продолжува денеска, работење на објекти, се отвората грнаици, превоз дозоволи надвор од граници, нормално дека се движими кон поголем либерализација може да ги прави луѓе дека се ок но не е така. Ние ќе продолжиме да инсиситираме да се продолжи почитување на мерките и протоколите. Не мислам дека во моментот има други екстра можности освен фактот да сите се однесуваме сериозно кон болеста, но исто така важно е капацитетите на нашите болници да бидат во солидна состојба за да можат да третираат покомплексни случаи. Препораки да се почитуваат, истакна Арифи.
Во текот на викендот тетовската полиција изрекла 239 казни на лица кои не ја почитувале мерката за задолжително носење на маски.
А.С