Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (27.04.2021/28.04.2021.) за неносење заштитни маски на вкупно 29 лицa во тетовскиот регион изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Во овој период на тетовското подрачје на 6 лицa изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на 235 лица со вакви решенија и при тоа не биле констатирани непочитувања на издаденте решенија за изолација.
Во периодот од 20 часот на 27 април до 5 часот на 28 април 2021 година на подрачјето на СВР Тетово регистриран едно (1) прекршување на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните, односно на полицискиот час, инфомира СВР Тетово.