Движењето „Еко герила“испрати соопштение до јавноста.
Движењето „Еко герила“ ја смета изјавата на поранешниот премиер Заев за прогласување на Шар Планина за Национален парк како несериозна и срамотна.
Образложението дека прогласувањето на Шар Планина ќе му го одземе правото на пасење на добиток е смешно и тенденциозно. Тој, како поранешен премиер, треба да знае дека добитокот не и штети на животната средина и на биолошката разновидност во природата, но уништувањето на флората и фауната и разните природни ресурси доаѓа од изградба на хидроцентрали и нелегална сеча. Да се увери дека пасењето на добиток не им штети на националните паркови, треба да побара од советниците да му го прочитаат Законот за заштита на природата, член 75, точка 2 и Предлог-законот за националниот парк Маврово, член 11, точка 3, во кој изрично се наведува дека пасењето добиток е целосно дозволен. Овој закон важи и за развој на туризмот на Попова Шапка, каде прогласувањето на Националниот парк не претставува никаква пречка.
Тој треба да биде информиран дека нашата земја ја потпиша и Бернската конвенција, која предвидува заштита на Емералдните зони дури и без да бидат прогласени за национални паркови. Притоа, тој создава сомнеж кај граѓаните дека го жртвува прогласувањето на Шар Планина како национален парк за интересите на хидро-мафијата и другите групи на интереси.
Исто така во претходната изјава на Заев (од 11 Мај 2018), во која се наведува дека на градот Тетово не му е потребен јавен превоз, со банален изговор дека таксистите би останале без работа, е неприфатлива и воопшто непревентивна за нивото на загадување на воздухот во овој град.
Ги повикуваме сите политичари да бидат одговорни за проблемите со животната средина, каде што граѓаните и нивното здравје треба да бидат на прво место, а не деловните интереси на различни групи, се наведува во соопштението на Еко Герила.
А.С