СВР Тетово информира дека вчера (23 ноември) околу 16 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „ауди а4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(38) од Тетово, удрило во 67-годишната тетовка К.С.(пешак).
Во незгодата, К.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.