Полициски службеници на СВР Тетово вчера (15 јуни) во 15 часот и 30 минути, во атарот на тетовски Лешок, го привеле 52-годишниот С.Ф. од тетовски Дреновец, кој непосредно пред тоа бил затекнат како без потребните документи сече дрвја. Одземена му е моторна пила и С.Ф. предаден е на Шумска полиција за натамошна постапка, информираше денеска портпаролот Марјан Јосифоски.