Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ од Тетово го назначи Небојша Бреѓан од Србија за нов спортски директор. Од клубот најавуваат дека заедно со спортскиот директор целта е да се засили екипата со репрезентативки од повеќе балкански земји.
-Станува збор за досегашен тренер и шеф на стручен штаб во повеќе клубови како ЖФК Земун, ЖФК Рад, Академија Мојсиловиќ, автор на повеќе трудови во областа на женскиот фудбал. Ќе биде огромно засилување на спортски план за нашиот клуб. Амбициите се да се избориме за сигурно место во годинешното натпреварување, а понатаму меѓу најдборите екипите и пласман во Европа, информираат од клубот.
Тетовската екипа од оваа сезона ја предводи Сузана Синадиновска, како шеф на стручниот штаб. На почетокот од сезоната на клубот му пристапијаи 4 нови фудбалерки.
А.С