Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово со денешната победа во рамки на шестото коло има 13 бодови и се најде на врвот од табелата во Првата македонска женска лига. Тие се на третото место но со идентичен број на бодови 13 со екипите Истатов2015 и АСС Унитед ЖФК кои имаат подобра гол разлика.
Денес ЖФК Љуботен го совлада ЖФК Тиверија со 1:0, а единствениот гол го постигна Жосеане Фреитас Лулу.
Наредното седмо коло во недела 14 ноември ЖФК Љуботен гостува во Прилеп на ЖФК Деспина.