Екипата „Деко Иги Тим“ е победник на традиицоналниот 14-ти по ред турнир во мал фудбал во Фалише. Во финалето ја совладаа екипата „Зафир Тобако“ со 3-0. Во натпреварот за трето место екипата „Бобе Јуниор“ победи со 5-3 во дуелот со екипата „Нов Жеден“.
За најдобар играч е прогласен Роберт Димитиевски од „Зафир Тобако“, додека за најдобар стрелец Денис Јовановски од „Вардар Сиричино. Бoки Богојевски од „Деко Иги Тим“ е прогласен за најдобар голман на турнирот.