По два месеци пауза поради епидемијата, неделава продолжија работите за рехабилитација на локалниот пат што ги поврзува населените места Беловиште и Вратница во рамки на општина Јегуновце. Започна асфалтирањето на делницата во должина од 1407 метри со широчина од 4 метри.
-Започнавме на почетокот на март но поради епидемијата се прекинаа градежните работи. Сега со олабавување на мерките продолжија активностите, па затоа се работи на поставување на асфалтот. Средства за реконструкција на патот се обезбедени од Владата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, во висина од 7.336.332 денари, истакна градоначалникот Блажевски.
Воедно општината работи и на поставување на бекатон плочки на 740 метри долгиот пат што го поврзува Беловиште со регионалната делница Тетово-Јажинце.
А.С