Во крајна фаза е уредувањето на внатрешноста на новиот конак во Лешочкиот манастир, што започна да се гради на 1 февруари оваа година. Со завршување на објектот и дворот, следува уште асфалтирање и уредување на паркингот позади конакот со што ќе заврши целиот проект.
-Објектот со градење беше завршен летово. Во последните месеци се работеше на уредување на внатрешноста и на дворот. Се поставуват последните елементи од инвентарот. Овој конак ќе претставува административен објект на тетовско-гостиварската епархија и надлежниот митрополит г. Јосиф. Се состои од приемна просторија со канцеларија, сала за состаноци и слични простории, информираат од епархијата.
Сега следува асфалтирање и уредување на паркинг простор од 2300 метри квадратни.
Конакот е со површина од 750 квадратни метри. Средствата се од донации на верниците. Предвидено е во понатамошниот период да има и осветување на конакот.
А.С