Ноќеска (24 април), половина час по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Љуботенска“ и „146“ во Тетово, на самиот коловоз, запалени се автомобилски гуми.
Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот целосно е локализиран.
СВР Тетово веќе располага со првични сознанија за можниот сторител и презема соодветни мерки за расчистување и документирање на овој случај, информира тетовската полиција.