Започнаа да функционираат новоотворените канцеларии за социјални работи во општините Брвеница и Желино. Канцелариите се во општинските центри Брвеница и Желино каде има вработено по едно лице, кои денес ги посети дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.
Двете канцеларии се дел од мрежата на канцеларии што МТСП ги отвори во соработка со руралните општините за да го олесни пристапот до социјалните права на граѓаните.
Целта е жителите на Брвеница и Желино да одат до Тетово, туку можат да се информираат и да аплицираат во општинската канцеларија. Ваква канцеларија минатата недела се отвори и во Јегуновце.