Со промоција на муралот „ Што е дома“ и проекција на шест филмови вчера вечер во Тетово започна одржувањето на деветтото издание на фимскиот фестивал „Watch Out“.
Во 19 часот беше извршена промоција на муралот изработен од страна на четири волонтерки на ѕид од Градскиот трговски центар, додека проекциите започна еден час подоцна во дворот од Музејот на тетовски крај-спомен куќа на Комунистичката партија.
Свечениот почеток на филмскиот фестивал го поздрави амбасадорката на Германија, Анке Холштајн.
-По една година пауза мило ми е што сме тука. Мило ми е што се враќа животот и културата. Полека се враќаме во нормален живот.По една и повеќе година затворени во становите, сега уживајте. Да го славиме филмот, порача амбасадорката Холштајн.
Прво беше прикажан „Логика на тишината“ експериментален филм на шпанскиот автор Давид Бланко, а следуваа „Дистанца“, „Невидливото чудовиште“, „Живот, танц и роза“, “ Девојка во тврдината“ сите од автори од Шпанија како „Да живее Белорусија“, дело на режисери од десетина земји.
Вечерва исто така од 20 часот на програмата се осум филмови, а проекции ќе има и во петок и сабота кога фестивалот завршува.
А.С