Во рамки на Вториот меѓународен натпревар за квалитетот на медот „Tetovo Honey Award 2020“ организиран од здруженијата „Град на пчелите“ и „Полошки мед“ денес на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана на Универзитет во Тетово започна органолептичка анализа на пристигнатите примероци на мед. Пристигнати се 370 примероци на мед од учесници од 17 земји, а за прв пат од Австралија и Америка.
-Органолетичката комисија ќе оценува секој мед посебно по однос на вкусот, аромата, чистотата, водата. После медовите ќе одат во лабораторија, ќе се прават анализи и ќе се соберат двата резултати. Така ќе се знае кој пчелар ќе добие златен, сребрен или бронзен медал, изјави Дритон Дикена од „Град на пчелите“.
Медот се оценува со учество и професори од Универзитетот но и стручни лица со меѓународни сертификати за оценување.
-Три екипи ја прават органолетпичката оценка, а составени се од професори од факултети, се е со шифри, без имиња. Анализа прво се прави со рефлекометар да се види колку вода има ставено и се оценува процент на вода. Ова на пример нешто што не чини. Има 30 отсто вода. На вештачки пат му е вадена водата. Според европски стандарди, дозволена вода е до 20 отсто. Најмногу поени даваме ако има 18 проценти, вели Слободан Јефтиќ од Србија кој е меѓународен оценувач.
На 2 ноември мострите ќе се анализираат со лабораториски методи и ќе се чека две недели за резултатите по што ќе се сумираат податоците и од органолептичката анализа.
А.С