Бездомните кучиња кои ќе се најдат на подрачјето на Општина Теарце ќе бидат третирани со цел да не бидат опасни за луѓето, најави градоначалникот Исен Асани, откако за ваква намена направиле јавна набавка и договор со ветеринарна ординација. Теарце е прва рурална општина која започнува ваков процес.
-Може да третираме по 20 кучиња неделно. Ќе ги фаќаме кучињата на улица, земаме крв и праќаме на анализа во Скопје за лишманија, се прави операција на секое куче, вакцина за беснило. Општина Теарце е прва рурална општина која почнува со третирање на бездомни кучиња. Со третирањето на овие кучиња во руралниот дел од региониот се намалува опасноста и за другите села во други општини бидејќи кучињата се движат насекаде, изјави Рами Селмани.
За да нема дополнителни проблеми Исени побара од граѓаните да внимаваат со своите домашни миленици да не останат на улица.
-По барање на граѓаните и со одлука на Советот отворивме јавна набавка за фаќање и третирање на кучиња бездомници. На огласот се јави една компанија и сите кучиња кои ќе ги фатат ќе ги донесат тука. Апелираме на сите сопственици на домашни кучиња да ги држат под контрола и да не ги пуштаат. И ако видат бездомно куче да ни се јават за да се интервенира, изјави Исен Асани, градоначалник на Теарце.
Според ветеринарот Селмани процесот на третман на само едно куче чини во просек 9000 денари. Речиси секоја недела тетовската полиција бележи пријави за напади од бездомни кучиња.
А.С