Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје денес заедно со ученици од повеќе училишта започнуваат да го прават „Снежен град“ на Попова Шапка. Манифестацијата како и изработката на снежни фигури ќе се одвива неделава, а свечено отворање на „Снежниот град“ е предвидено за в петок 21 февруари во 11 часот.
-Ученици од повеќе основни училишта од Скопје како градители, се екипирани по петнаесет деца со свој ментор и со потребните алатки, градат скулптура каде ја прикажуваат својата креативност и талент. Во рамките на манифестацијата се одржуваат и други активности од забавно -рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг , билијард, шах, Училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски, забава, танцување и дискотека, најавуваат од ДКЦ Карпош.
А.С