На 18.07.2022 во 00.34 часот во СВР Тетово, Р.С.(50) од тетовски Челопек пријавил дека околу 00.15 слушнал истрели од огнено оружје, по што едно залутано зрно непознат калибар паднало во собата на неговиот син Ф.С.(18). Извршен бил увид и се работи на расчистување и документирање на случајот.
За пет дена ова е втор случај со заталкан куршум, при што во првиот инцидент на 13 јули имаше и повредено 59 годишна жена во Тетово.