На 16 јануари околу 21.30 часот, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од ова село, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, информира Министерството за внатрешни работи.
На 15.01.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале 10 гости.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, соопшти МВР.