Тетовските полицајци и пазарни инспектори и ноќеска откриле и затвориле угосителски објект кој не работел согласно прописите за време на епидемија. Контролата била извршена вчера во 21 часот и 50 минути во угосителски објект на автопатот Тетово-Скопје.
-При контролата било констатирано непочитување на работното време, односно во објектотот биле затекнати 13 лица – гости. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а управителот на објектот В.Т.(30) од Тетово бил лишен од солбода и задржан во полициска станица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
А.С