За овие две недели колку што трае вакцинацијата за заштита од Ковид-19 во Здравствен Дом Тетово вакцинирани се 576 жители од шестте општини во тетовскиот регион во категоријата на граѓани над 77 години. Претежно биле закажувани по 80 термини дневно, а просечно околу 60 до 70 луѓе ја искористувале можноста за вакцинација.
-Од втори април кога започна вакцинирањето во вакциналниот пункт при Здравствен дом Тетово до денес во 12 часот вакцина примиле 576 лица во категорија над 77 години. По примањето на вакцините не се јавени проблеми кај луѓето, информира Дрита Зибери од пунктот.
Од денес се закажани се термини за вакцинација на луѓе кои се од 75 годишна возраст и помлади. Вакцинацијата се одвива од понеделник до петок, според Мој термин.
-Од денес имаме и термини за втора смена односно до 18:40 часот. Ако почне масовна вакцинација и преку викенд ќе се работи, информира Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствениот дом во Тетово.
Во Здравствен Дом Тетово доставени се вакцини од производителот Астра Зенека.
А.С