Министерство за внатрешни работи денес во Тетово ги продолжи засилени акциски контроли на сообраќајот.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски истакна дека за само еден час се откриени 70 сообраќајни прекршоци.
-Во овие еден час од акцијата имаме 70 санкции од кои највеќе се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола како и мотоциклисти кои прават прекршоци во сообраќајот. Засилените акциски контроли продолжуваат во текот на овој ден и наредните денови. Од 20-тина дена колку што ги спроведуваме овие засилени акциски контроли на цела територија на Северна Македонија досега имаме изречено над 9 илјади санкции за прекршоци во сообраќајот од кои најголем број се пречекорена брзина, возење без возачка дозвола, прекршоци на мотоциклисти, нерегистрирани возила итн, потенцира Тони Ангеловски.
Тој упати апел до граѓаните на Тетово како и до сите жители на Северна Македонија да се почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбеден сообраќај на улиците и на патиштата во државата.
-Сакаме преку медиумите да пратиме порака заеднички да придонесеме за безбедни улици и сообраќај. Не е целта да се казнуваат граѓаните, напротив ние спроведуваме превентивни но мораме да имаме и вакви репресивни мерки се со цел онаму каде што превентивата не делува, да можеме да воспоставиме ред на улиците, истакна портпаролот.
Засилената акциска контрола ќе трае целиот ден, а за утре Ангеловски најави комплетна информација колку мерки се преземени и за што се казнети луѓето кај кои се констатирани сообраќајни прекршоци.
А.С