Од тетовската полиција информираат дека на 30.05.2021 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачите кои вршат направилно и непрописно престигнување. Притоа, биле констатирани 27 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-11) кои биле соодветно санкционирани. Исто така, санкционирани биле и шест останати прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-1).
Полицијата соопшти дека на прекршителите им се изготвени соодветни поднесоци, напоменувајќи дека паричните глоби за овие видови на прекршоци се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а истотака следува и заштитна мерка забрана за управување со возило во времетраење од 3 до 12 месеци.