Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со засилени сообраќајно-контролни активности на подрачјето.
Вчера (22 јуни) од 8 до 13 часот спроведена е акциска контрола за првенство на минување, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 10 прекршоци . Најмногу од нив се однесувале на непропуштање возила од десна страна.Во акцијата, исто така, санкционирани се и 21 друг вид прекршоци.
Вчера (22 јуни), од 17 до 23 часот реализирана е акциска контрола на мотоциклисти, во која биле изречени вкупно 13 мерки. Пет од мерките се за неносење на заштитна кацига, шест за непоседување возачки дозволи и друго.Покрај ова откриени се и 10 други видови прекршоци.