Во средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово денес се одбележа денот посветен на словенските просветители свети Кирил и Методиј.
-По повод денот на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за првпат во нашето училиште беше одржана пригодна прослава. На прославата беа присутни гости од ДПИ од Тетово, советници од БРО во Тетово, директори на основни училишта, советниците од советот на град Тетово, како и уважени гости од секторот за образование на Тетово. Голема благодарност до Активот на македонски јазик и литература, модераторот на свечената активност, ликовната секција, техничката поддршка, учениците и нашиот колектив, информираа од ОСМУ „Никола Штејн“.