Во споредба со ноември, сега многу побрзо луѓето бараат или имаат потреба да бидат хоспитализирани. Вака ја објаснува состојбата со коронавирусот и тешката клиничка слика во овој период од годината, Д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот во Тетово.
-Во споредба со ноември сега имаме случаеви кога дијагностицирани со Ковид-19 доаѓаат во болница, за три-четири дена. Порано беше цела недела, изолирани па некоја терапија домашна па ќе дојдат во болница. Сега имаме побурна клиничка слика и подраматична,има разлика од ноември, објаснува докторот.
Сега најголем предизвик во надминување на состојбата се млади со коморбидитети.
-Овие три недели имаме помлада/средна популација некаде од 38 до 55 години што не беше ситуација кога го имавме пикот во ноември. Сега имаме и помлади. Овие две недели имаме бројот на починати поголем во споредба со претходните три недели кога имаше голем број на прием, вели Д-р Гзим Нуредини.
Вчера во болницата почина машко лице на 40 години. Од први април до вчера се евидентирани 26 починати поради ковидили вкупно 260 од почетокот на пандемијата.
А.С