Во првите три месеци од оваа година на поширокото тетовско подрачје биле преземени вкупно 2041 мерка за сторени потешки сообраќајни прекршоци или над 230 повеќе во споредба со истиот период лани.
Најголемиот број од мерките, дури 1527 се однесувале на управување со брзина поголема од пропишаната, односно за пребрзо возење, потоа на недавање предност на пешаци (393), непрописно престигнување (100) и така натаму.
Во овој период, исто така, поради утврдени недостатоци и разни видови прекршоци санкционифрани и исклучени од сообраќај биле 303 возила, најмногу за истечена регистрација (303) до и над 30 дена, 80 за затемнети стакла, односно за вградени неатестирани фолии, 57 за констатирана техничка неисправност и друго.
Во првото тримесечие годинава на тетовските патишта и улици исклучени од сообраќај биле и 827 возачи, односно 290 повеќе во споредба со минатата година во овој период.Од нив, 475 управувале без положен возачки испит и валидна дозвола,174 возачи-почетници, 134 управувале под дејство на алкохол, 36 со впишана забрана за управување, 5 со несоодветна категорија и 1 поради други причини.