Претежно станува збор за млади лица на возраст од 17 до 35 години, најчесто возат без положен возачки испит или валидна дозвола, а во изминатите три месеци казни за тоа добиле вкупно 563 лица. Најчесто управувале патнички моторни возила и мотоцикли, а во неколку случаи и товарни возила. Сите биле адекватно санкционирани со законски предвидените поднесоци и парични глоби.
-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без претходно да го положат возачкиот испит, зашто ја доведуваат во прашање, пред сѐ, сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и ќе се соочат со поднесоци и глоба која за овој вид прекршок, согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изнесува 250 евра во денарска противвредност. Исто толку изнесува паричната глоба и за сопствениците кои ќе им ги дадат на управување своите возила (патнички, мотоцикли и други) на лица кои немаат возачка дозвола, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во рамки на вчерашната акција за контрола на мотоциклисти од 10 до 15 часот, на поширокото тетовско подрачје биле откриени 26 прекршоци, а кои биле заокружени со 46 мерки. Поради овие и други вид констатирани недостатоци од сообраќај се исклучени 18 мотоцикли. При контролата откриени и санкционирани се и 11 други видови прекршоци.
А.С