Полициски службеници на СВР Тетово денеска (25 јануари) од 07.00 до 10.00 часот спровеле акциска контрола на брзината со која се движат возилата надвор од населено место, пред сѐ автобуси, комбиња и тешки товарни возила. При контролата откриени и законски санкционирани се вкупно 19 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-14 и ГВ-5). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, а санкциониран, исто така, бил и 1 друг вид сообраќаен прекршок (ГВ), информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.