Од 20 октомври 2020 до денес 5 превозници добиле кривична пријава на непочитување на мерките за спречување на ширење на заразна болест и овозможувале повеќе од 50 % од капацитетот на возилата да биде исполнет со патници, инфомираат од СВР Тетово, по вчерашната одлука на Владата за зголемување на дозволениот број патници од 50% на 75% од вкупниот капацитет во превозните средства.
-Сите 5 случаи финално заокружени со исто толку поднесоци, односно пријави за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик при спроведување на мерката. Покрај ова, значителен број превозници се и писмено опоменати. СВР Тетово и во наредниот период ќе го следи и санкционира имплементирањето на владините одлуки, мерки и протоколи на овој план, информира Марјан Јосифоски, портапол на тетовската полиција.
Минатиот и овој месец, на подрачјето на СВР Тетово законски санкционирани се и близу 1400 поединци, кои во возила некористеле заштита на лицето, меѓу кои и значителен број во јавниот превоз.
А.С