Во најновата акциска контрола за брзина со која се движат возилата денес од 8 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово откриени и санкционирани се вкупно 76 возачи, информираат од тетовската полиција. Покрај нив, санкционирани се и 40 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената брзина во населено место
-Возачите ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Од нив 5 возачи ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 36 возачи за повеќе од 50 километри на час повеќе од дозволеното, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од 40-те возачи казнети за пребрзо возење низ населено мест двајца возеле со над 50 километри час повеќе од дозволеното, а откриени се три други видови сообраќајни прекршоци
ас