Тетовската полиција во текот на ноември има поднесено 590 казни за лица кои не носеле маски за заштита на лицето и превенција на ширење на коронавирусот додека се превезуваат со други лица во возила. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 20, односно 10 евра во денарска противвредност, зависно од начинот на плаќање.
-Заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје вкупно биле откриени и санкционирани 590 лица кои не ја почитувале обврската додека се превезувале, најмногу во патнички возила и во возила за превоз, организиран од фирми кои функционираат на подрачјето, претежно патници, но и возачи, како и во возила од локалниот јавен превоз. Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и овој месец продолжува со засилени контролни активности околу почитување на обврската за задолжително носење заштита на лицето во возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Паралелно со проверката за носење заштитни маски, полицијата открила дека до 25 ноември 49 возила вршење јавен превоз на патници без соодветна дозвола односно лиценца.
А.С